Продолжува истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Продолжува истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ

Властите по итна постапка ја започнаа истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ – тврди косовскиот министер за правда, Абељард Тахири, кој вели дека е отворен за соработка со Србија.

„Јас сум отворен за соработка со сите држави, вклучувајќи ја и Србија. Во сила е протоколот за взаемна правна помош кој произлезе од дијалогот со Србија, кој ние веќе го применуваме. Косово многу бргу ќе даде координиран одговор“, наведе Тахири.

Според српскиот весник „Данас“ Тахири додал дека Косово е подготвено за соработка и за убиството на браќата Битичи, (што ги оптоварува односите на Србија и САД) и ја повика српската држава да одговори -„кој ги уби српските деца во кафулето ’Панда’ во Пеќ 1998 год.?“

И додека Србија го чека одговорот од Косово, медиумите споменуваат неколку лица кои можеби се вмешани во убиството. Весникот „Блиц“ ги сумира досегашните сознанија од истрагата: испукани се шест проектили од пиштол „долга деветка“ во грбот на Ивановиќ, дека убијците го управувале откриеното и запалено возило „Опел астра“ и дека последниот сопственик на возилото се наоѓа во Србија. Откриени се и сведоци, видео записи, телефонски разговори, електронска пошта и друго. Анализирајќи кој се би можел да му наштети на Ивановиќ, весникот, шпекулирајќи ги наведува трите можни тези или насоки на истрагата и лица кои можеби се вмешани во убиството.

Првата теза – заснована на албанските политичари кои тврдат дека убиството има за цел да го претстави Косово како нестабилна земја. Втората теза – од српските политичари кои изјавуваат дека тоа е напад врз преостанатите Срби на Косово, во кој се споменува името на Кадри Весељи, актуелениот прв спикер на косовското собрание и оснивач на косовската разузнавачка служба и третата теза заснована на тврдењата на поединци, меѓу кои и на Рада Трајковиќ, поранешна пратеничка во косовското сосбрание, дека тоа го сторила мафијата, споменувајќи го Милан Радојчиќ од Косовска Митровица, како лице без чиј дозвола Србите во Косово ништо не можат да реализираат.

Според „Обзервер“ постои и четврта алтернатива за убиството на Ивановиќ, која води кон Русија.

Убиството на Ивановиќ е изведено според класичен шаблон, според кој на Балканот се „решаваат“ политичките противници, пишува „Обзервер“.

Убиството веднаш создаде проблеми во нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и неизвесно е кога и под кои услови дијалогот ќе продолжи.

„Обзервер“ анализирајќи ги досегашните убиства на политичарите, новинарите, криминалците, кои од 1991 година до денес не се решени, „Обзервер“ проблемот го лоцира во отсуството на лустрација во Србија, особено на „комунистичкиот безбедоносен апарат“, во кој во текот на 90-тите се вклучени и криминалци. Тоа го поврзува со руското влијание во Србија, посебно во северно Косово, кое досега се покажало како малигно кога се во прашање атентатите, поради што Балканот и Европа треба да се загрижи доколу се запрашаат дали Кремљ е поврзан со убиството на Ивановиќ.

– Ова е Балкан, па никој не очекува дека дека убиците и наредбодавците воопшто ќе бидат откриени – заклучува „Обзервер“.

Би те интересирало и

Без српските гласови нема косовска војска

Меѓународниот фактор во Приштина инсистира на тоа дека при одлучувањето за трансформација на Безбедносната сила ...

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...