Продолжува распитот на осомничените во случајот „Талир“

Денеска на пладне продолжува распитот на дел од осомничените во случајот „Талир“, што се однесува на незаконско финансирање на партијата. Од СЈО не потврдуваат кои од осомничените ќе се појават – јавува Макфакс.

Во петокот на распит се појавија седуммина од осомничените, меѓу кои поранешниот генерален секретар на партијата, Емил Димитриев, пратеничката Даниела Рангелова, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Првоосомничен во случајот е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој во петокот не се појави на распит бидејќи немал добиено уредно покана. Доколку не одговорат на поканата, обвинителите најавија дека ќе бараат од судот да издаде наредба за присилно приведување.

 

http://makfax.com.mk

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...