Продолжува рок фестивалот „Рок ам Ринг“

Најголемиот германски рок фестивал „Рок ам Ринг“, што се одржува во близина на Нирнберг, денеска ќе продолжи, откако полицијата утврди дека е неоснована терористичката закана, соопштија денеска организаторите.

Германската полиција наведе дека истрагата е завршена.

Поради терористичка закана синоќа е евакуирана публиката на „Рок ам Ринг“. Првата вечер од фестивалот беше прекината откако германската полиција во Кобленц добила дојава за „конкретна закана“.

Повеќе од 87.000 луѓе купиле карти за тридневниот фестивал. На четирите сцени е планирано да настапат 85 групи, меѓу кои и „Rammstein“, „Die Toten Hosen“ и „System of a Down“.

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close