Продолжува собраниската седница – на полноќ треба да се гласа новата влада

Програмата и составот на новата влада е единствената точка на дневен ред на која треба да се расправа во македонското Собрание.

Според Деловникот седницата треба да заврши денеска на полноќ со гласање за новите министри.

Претседателот на Собранието Талат Џафери претходно ги предупреди пратениците дека нема да толерира доцнење во собраниската сала.

За денеска прв пријавен за дискусија е пратеникот Димитар Стеванаџија кој на собраниската говорница ќе треба да излезе точно во 12 часот. Мандатарот Зоран Заев ја претстави програмата на новата Влада, во која како главни приоритети беа посочени економијата, обнова на институциите и правда.

Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close