Проект за зголемување на вработувањето лица со попреченост

„Центар за вработување на лица со хендикеп“ е новиот проект што почнуваат да го реализараат Стопанската комора на Македонија и „Полио Плус – движење против хендикеп“. Проектот е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА.
Генерална цел на Проектот е поголемо вклучување на лицата со хендикеп на  пазарот на труд преку подобрување на нивните вештини, образование, квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството.
Преку овој проект ќе се изгради мост меѓу лицата со хендикеп и компаниите со цел обезбедување на сите неопходни и потребни стручни знаења, обуки и практики за јакнење на нивните вештини и капацитети кои ќе придонесат за нивен интегриран пристап до пазарот на труд. Паралелно, компаниите ќе бидат информирани за бенефитите кои ќе ги добијат при вработување на лица со хендикеп за да се  обезбедат адекватни услови за нивно целосно интегрирање.
Проектот и неговите цели ќе се разговара денеска на конференција во Скопје, на која е најавено присуство и на министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими и на директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски.

Би те интересирало и

Во Прилеп почна исплатата на првите количини откупен тутун

Во Прилеп утринава на шалтерите на банките започна исплатата на тутунот за првите откупени количини ...

Биткоинот е речиси 8.000 долари, но инвеститорите со недоверба гледаат кон него

Иако вредноста на биткоинот порасна за неверојатни 700 проценти од почетокот на оваа година, поголемиот ...