Проект за развој на иновациски капацитети на малите и средните претпријатија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Проект за развој на иновациски капацитети на малите и средните претпријатија

Во Македонија првпат ќе биде изработена и лансирана мобилна апликација која ќе ги информира компаниите за понудата и побарувачката на иновативни технологии на светско ниво, како и национална награда за најдобрите иновативни компании.

Апликацијата е дел од плнираните активности со проектот што почнува денеска за подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија преку развој на капацитети за иновации, со финансии од Европската унија.

Проектот ќе го спроведуваат Фондацијата за претприемачки сервис за млади, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување и АРК фонд од Бугарија, со цел да придонесат во креирање силна иновациска клима во државата преку промовирање на концептот иновативни бизниси.

Во текот на проектот ќе биде креиран онлајн курс за иновациски менаџмент, водич за иновации и водич за финансирање. Планирани се обуки за мали и средни компании на теми поврзани со европските програми за финансирање Хоризонт 2020 и Инструментот за мали и средни претпријатија.

На настанот ќе учествуваат повеќе од 50 претприемачи, претставници на бизнис секторот, како и на државни институции и невладини организации.

Извор: А1он

Би те интересирало и

Со пари од ЕБОР ќе се зголемува бројот на соларни и ветерни електрани

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе ...

Економски раст под четири проценти не е добар за Македонија

Стапка која е помала од четири проценти не е добра за македонската економија, вели поранешниот ...