„Пролетна приказна“-премиера за најмладите на МОБ

Во сабота напладне, во рамки на програмата на 45-ти „Мајски оперски вечери“,  детскиот хор „Фалсето“ при МОБ премиерно ќе ја одигра оперетата „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков.


Детската оперета „Пролетна приказна“ го отсликува будењето на пролетта и природата во неа. Музичкиот израз на делото кореспондира со естетските и технички елементи прилагодени на возраста на децата од предучилишна и училишна возраст, а хармонските елементи во него се едноставни, со јасна тонална подлога. Делото ги содржи сите формални елементи на жанрот опера: хор, солисти, дуети, балет и инструментална подлога, а во него авторот внесува и наратори кои ја водат приказната преку рецитативната форма. Инспирирана од детската поезија на неколку македонски поети, во драматуршка адаптација на самиот автор, во „Пролетна приказна“ значајна улога игра и орфовиот инструментариум.

Оперетата е според текстовите на Ванчо Николески, Стојан Тарапуза, З. Стојановиќ, Васил Куновски, Благоја Пановски, а во драматуршка адаптација на Стојан Стојков.

Режисер на оперетата е Трајко Јордановски, диригент на хорот е Теа Богатинова, а костимограф е Никола Ефтимов. Во придружба на хорот настапуваат Доминика Робе на пијано и Тео Теодосиевски, перкусии. Солисти се Јана Диралова, Софија Стојковска, Теодора Блажевска, Луна Бејков, Оља Алексовска, Теона Јаневска, Маријана Андоновска, Јована Филиповска.

Премиерата на оперетата „Пролетна приказна“ е дел од манифестацијата European Opera Days-Opera Panorama што се одржаа од 5 до 14 мај во 18 европски земји, со учество на 70 оперски институции, меѓу кои и Македонската опера и балет.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Почнува десеттото јубилејно издание на Викенд медиа фестивал во Ровињ!

На само еден ден пред доаѓањето на есента, почнува десеттото издание на Викенд медиа фестивал ...

„Невреме“ е новата песна на Антониа Гиговска (Видео)

Со нова балада, која има модерен ритам, Антониа Гиговска внесува свежина на домашната музичка сцена. ...

Close