Промет од над 11 милиони денари на Македонска берза

makedonska-berza

Во текот на тргувањето во средата на Македонската берза беше остварен вкупен промет од 11.476.726,41 денари и беше реалзиран преку 62 трансакции и истргувани 47.836 акции.

Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за 0,98 отсто и достигна 2.148,57 индексни поени, додека ОМБ во позитива за 0,14 проценти, и заврши на вредност од 127,60 индексни поени.

Акцијата на Комерцијална банка беше на врвот со промет од околу 3,7 милиони денари и учество од одлични 32,25 отсто во вкупниот промет. Беа истргувани 1.298 лотови, по просечна цена од 2.851,89 денари преку 18 трансакции.

Листата на „милионерите“ ја надополни и акцијата на РЖ Услуги Скопје, со промет од 1,980 милиони денари.

Акцијата на 7-ми Ноември Гевгелија денот го заврши со најголем раст на вредноста од фантастични 93,70 отсто, а зад неа се најде акцијата на Транскоп патнички сообраќај Битола, исто така, со висок праст од 50 отсто на вредноста.

Со обврзниците за денационализација РМДЕН14 беа реализирани четири трансакции во вкупна вредност од 888.122,41 денари.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Царовска: МТСП подготвува Законот за социјално претприемништво

Министерството за труд и социјална политика подготвува драфт верзија на закон за социјално претприемништво, а ...

Тевдовски: Ребалансот се подготвува, еврообврзница може и да не се издаде

Во Министерството за финанси активно се работи на подготовка на ребаланс на Буџетот за 2017 ...

Close