Промовирана книгата Анапурна Агонија и Молитвa во Тетово – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Промовирана книгата Анапурна Агонија и Молитвa во Тетово

Синоќа пред тетовци планинарот Здравко Дејановиќ ја промовираше неговата најнова книга – Анапурна Агонија и Молитва.

Во книгата се опишани предизвиците со кои се соочил при искачувањето на еден од најризичните врвови во светот на Хималаите.

Во книгата – Анапурна Агонија и молитва, дадени се и совети за искачување во зимски услови. Ова авторско дело може да преставува и своевиден прирачник за планинарите кои се искачуваат во зимски услови.

Промоцијата ја организираше Планинарскиот клуб Јелак. Оттаму велат дека потребни се вакви авторски дела, напишани од луѓе кои ги вкусиле опасностите на искачувањето.

Промоцијата ја нарекоа е еден вид на теоретска обука наменета за тетовските планинари кои присуствуваа во голем број.

Пред планинарите беше промовирано и авторското дело на Дејановиќ –  Како го искачив К2.

Зоран Димовски

Би те интересирало и

Откриена ризница со монети на кралот Харалд „Модрозабиот“ на Риген

Археолози во нива на најголемиот германски остров Риген откопале вредна сребрена ризница од доцниот 10. ...

Магдалена Ризова одбележува 25 години професионална актерска кариера

Театар Комедија вечерва ќе ја изведе романтичната комедија „Дони Дарк“ по повод 25 години професионална ...