Промоција на извештајот за состојбата на светското население во 2017

Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации денеска ќе го промовира глобалниот извештај за состојбата на светското население.

Извештајот ќе го престави директорката на канцеларијата на УНФПА, во Скопје, Дојна Болога, а ќе се обрати и извршната директорка на организацијата РОМА С.О.С. од Прилеп, Несиме Салиоска.

Годинашниот извештај, како што информираат од УНФПА, е посветен на растечката нееднаквост во светот. Економската нееднаквост е тесно поврзана со нееднаквоста во сексуалното и репродуктивното здравје. Во земјите во развој, 20 отсто од жените во најсиромашниот дел од населението, имаат најмал пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи и контрацепција. Жените и девојките кои живеат во сиромаштија, особено тие што се помалку образовани и живеат во рурални области, а немаат пристап до контрацепција, се под најголем ризик за непланирана бременост. Ова пак води кон поголеми здравствени ризици, како и последици врз економската состојба за нив и за нивните деца.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Историски ден за Зимбабве – Новиот претседател положува свечена заклетва

Толпа народ се собра на фудбалскиот стадион во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да ...

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите ...