Пропустите на автопатот Миладиновци – Штип ќе чинат дополнителни над 20 милиони евра

 

Во изградбата на автопатот Миладиновци – Штип направени се пропусти за чие надминување, според првичните проценки, ќе бидат потребни дополнителни над 20 милиони евра, соопшти денеска министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

На прес-конференцијата во Владата на Република Македонија,  Сугарески истакна дека при проверката на архивата најден е документ со кој се бара склучување анекс за продолжување на изградбата на оваа автопатска делница:

„Овој документ предочува дека во април годинава, на само неколку дена пред рокот кога автопатот Миладиновци – Штип требаше да биде предаден во употреба, министерот за транспорт и врски на претходната влада доставил информација до Владата дека 32 проценти од работите на патот не се завршени. Значи, знаеле за пропустите, а пред јавноста ја скриле оваа информација. Оваа информација потврдува дека целата инвестиција од 206 милиони евра ја реализирале со бројни пропусти“.

Тој соопшти дека веќе имале средба со претставници на кинеската компанија „Синохидро“ и оти од нивна страна е побарано уште една година работа на терен:

„Тоа значи дека согласно пропустите ќе се направи дополнителна штета која сметаме дека ќе биде над 20 милиони евра. Пари на граѓаните ќе бидат потрошени како резултат на неодговорното и нестручно однесување на претходната влада“.

Тој најави дека ќе ги надминат проблемите што ги наследиле и оти автопатите ќе бидат изградени. Со пролонгирањето на рокот на изградба на автопатот Миладиновци – Штип за една година, оваа делница треба да биде готова до 1 мај 2018 година, но министерот Сугарески се сомнева дека ќе биде завршена до тогаш со оглед на направените пропусти на терен.

Претходно, министерот информираше дека има пропусти во изградбата и на автопатот Охрид – Кичево, каде според првичните проценки се потребни дополнителни околу 100 милиони евра.

За автопатот Демир Капија – Смоквица, министерот Сугарески очекува да бидат отстранети пречките за градба на контролниот центар во Неготино и за дислокација на далекуводот и овој автопат да биде пуштен во употерба во ноември или декември.

Додади коментар

Би те интересирало и

Богов: Политичката криза предизвика поголем економски пад од очекуваниот

Продолжената политичка криза и’ нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме ...

Извршители влегле во Фени, му се заканува ли стечај на кавадаречкиот комбинат за никел

Извршителите тропнале на вратите на кавадаречкиот комбинат за никел Фени Индустри, a како што дознаваме, ...

Close