Просечната нето плата во март била 22.445 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017, изнесувала 22.445 денари и е за 1,8 отсто повисока воп однос на март лани – соопшти денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на повисоките нето-плати во секторите: финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5%), рударство и вадење на камен (7.2%) и уметност, забава и рекреација (6.7%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во март 2017 изнесувала 32.999 денари.

Во март годинава, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

Додади коментар

Би те интересирало и

Богов: Политичката криза предизвика поголем економски пад од очекуваниот

Продолжената политичка криза и’ нанесе сериозни штети на македонската економија и тешко дека ќе постигнеме ...

Извршители влегле во Фени, му се заканува ли стечај на кавадаречкиот комбинат за никел

Извршителите тропнале на вратите на кавадаречкиот комбинат за никел Фени Индустри, a како што дознаваме, ...

Close