Протести во Албанија за слободни избори

Албанската опозиција на денешниот антивладин протест собра повеќе десетици илјади членови и симпатизери на партиите кои ја сочинуваат, но и голем број, како што беше речено, незадоволни граѓани од работењето на Владата на премиерот Еди Рама.

Лидерот на најголемата опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша во своето обраќањето зборуваше „за еден нов почеток“.

– Денеска донесуваме одлука еднаш засекогаш да и ставиме крај на маскарадата на грабеж на избори. Или ќе имаме слободни избори или избори нема да има! Среден пат нема! Друг пат нема! Избори за фасада, наместени избори, нема да прифатиме. Избори според криминални стандарди нема да прифатиме. Избори со криминалци од власта нема да прифатиме – порача Баша.

Тој додаде дека актуелната Влада ја втурнала земјата во сиромаштија и хаос и „сега кога украде се од вашите џебови и домови, ќе ги украде и изборите“.

– Денеска почнува еден нов почеток, за што има потреба нашата земја. Денеска сме тука за гласно да кажеме дека сакаме слободни и демократски избори, сакаме разграничување на криминалот од политиката, сакаме достоинство, работа, сакаме на преден план да го ставиме интересот на граѓаните. Сакаме една подостоинствена иднина -посочи Баша.

Демократскиот лидер рече дека денеска отвораат нова врата кон иднината и ги повика сите заедно на останат на плоштад.

Поранешниот лидер на демократите и поранешен албански премиер и шеф на државата, Сали Бериша порача Рама да си замине од власт минута порано, зашто, како што рече, демократската револуција почнала и таа нема да запре се додека не си заминат крминалците и бандитите од власт.

Наместо четири часа колку што беше најавено протестот продолжува, а според најавите се поставуваат шатори на плоштадот пред Владата каде, според извори од опозицијата, почнуваат масовен штрајк со глад.

За безбедноста денеска се грижеа над илјада припадници на полицијата.

Текстот е преземан од А1он

Би те интересирало и

Еден починат и 48 заболени од западнонилска треска во Србија

Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска. ...

Турција заштедила 186 милиони евра од летното сметање на времето во текот на целата година

Турција заштеди повеќе од еден милион и триста илјади мегават часови електрична енергија од задржувањето ...