Протести во Анкара поради уставните измени

protesti-ankara
Фото: Ројтерс

Турската полиција денеска употреби солзавец и водени топови против стотината демонстранти кои протестираа пред Парламентот во Анкара поради планираните измени на Уставот, со кои е предвидено проширување на извршните надлежности на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.

Организатор на протестите е Републиканската народна партија (ЦХП), како и неколку невладини организации и здруженија на адвокатите.

Пратениците во турскиот Парламент во текот на денот ќе почнат расправа за планираните уставни промени. Се очекува амандманите да бидат изгласани бидејќи мнозинство во Меџлисот има Партијата за правда и развој (АКП), а потоа на пролет граѓаните ќе се изјаснат за нив на референдум. За да бидат прифатени, амандманите треба да ги поддржат 330 од вкупно 550-те пратеници во Собранието.

protesti-ankara-2

Со уставните промени се отвора патот Ердоган уште двапати да може да се кандидра за претседател на Турција.



Додади коментар

Би те интересирало и

Скопјанец разменувал порнографски материјали со малолетници: Младите се’ уште неинформирани за сексуалноста

Скопјанец произведувал и дистрибуирал детска порнографија – соопшти денеска МВР. Експлицитните фотографии и видеа кои ...

„Тврдокорни“: Утрешниот марш нема предумисла за правење немири

Македонското патриотско здружение „Тврдокорни” во соопштение дематира дека маршот во Скопје има врска со евентуалното ...

Close