Протест во Софија против одлуката на БПЦ да не учествува на прославата во Охрид – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Протест во Софија против одлуката на БПЦ да не учествува на прославата во Охрид

 

Одлуката на бугарските владици да не учествуваат на одбележувањето на илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија, ги изнесе граѓаните на протест.

Фото: БГНЕС

 

Група демонстранти денеска се собраа пред седиштето на Синодот на Бугарската православна црква во Софија. Собирот го организира Фондацијата „Бугарска памет“, чиј претседател, Милен Врабевски смета дека зад грбот на патријархот Неофит бил направен заговор под надворешен притисок.

„Треба да се провери странското влијание врз бугарските институции кои рабаотат како држава во држава во корист на туѓи интереси. Одлуката на Синодот на БПЦ е донесена под странски диктат“, изјави Врабевски.

„Сакам да има законски поредок со кој ќе стигнеме до соодветните мерки. Нашата држава да нема држава во државата и да има независна политика, бидејќи ова не е област од туѓа драва, ова е нашата Бугарија“, вели Врабевски во изјава за Б ТВ.

Одлуката за неучествување на одбележувањето, според демонстрантите е скандалозна бидејќи била донесена со прегласување од владиците, а во отсуство на патријархот Неофит, кој, како што потсетуваат, презел одговорност и’ подал рака на Македонската православна црква, прифаќајќи БПЦ да и’ биде мајка црква. Тие му забележуваат на Синодот на БПЦ дека шест месеци по прифатеното барање на МПЦ да и биде мајка црква, бугарската црква не презела ништо во тој правец.

„Се собравме за да го изразиме своето мислење дека треба да се разгледа повторно решението на Светиот синод, сакаме таму на преразгледувањето да учествува и патријархот . Црквата треба да биде заедно со државата и ако сакаме да се зближиме тоа треба да има реален материјален супстрат и во духовната сфера “, посочува организаторот на протестот Врабевски.

Синодот на БПЦ на 14 мај донесе одлука да не биде прифатена поканата на поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан за заедничко одбележување на илјадагодишниот јубилеј на Охридската архипеископија. За таа одлука гласале осум бугарски владици, а четворица биле против. На синодската седница на која била донесена одлуката не присуствувал поглаварот на БПЦ, патријархот Неофит.

Би те интересирало и

Бутарис излезе од болница

Како што јави дописничката на МИА од Атина, физичкиот напад врз солунскиот градоначалник го осудија ...

Ѓукановиќ ја презеде функцијата претседател на Црна Гора

Мило Ѓукановиќ денеска во Цетиње положи заклетва и официјално ја презеде функцијата претседател на Црна ...