Противкандидат на Ердоган ќе биде поранешната министерка за внатрешни работи

Поранешната турска министерка за внатрешни работи и заменик-претседател на парламентот, Мерал Акшенер, формира нова партија во надеж дека ќе го победи претседателот Реџеп Таип Ердоган на изборите кои се закажани за 2019 година.

Лого на новоформираната партијата, чие име беше најавено како Добра партија, е сонце со осум краци околу него.

Мерал Акшенер (61) ја формираше десничарската Ију парти или Добра партија и се подготвува да му биде достоен противкандидат на Ердоган за претседател на Турција.

Само пет члена на парламентот, во кој се наоѓаат 550 пратеници, ѝ се придружија на новата партија, иако анкети укажуваат дека се можни нови приврзаници.

Поранешната министерка се спротивставуваше на напорите на Ердоган за пошироки претседателски овластувања на референдумот оваа година.

Акшенер беше првата министерка за внатрешни работи на Турција и својата функција ја извршуваше во периодот меѓу 1996 и 1997 година, додека тогашната влада предводена од конзервативно-исламистичка коалиција не беше соборена под притисок на војската.

 

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...