Прошталниот твит на Обама е најпопуларниот во неговото претседателствување

obama

Последната објава на Барак Обама на Twitter како американски претседател собра најмногу лајкови и репостови од сите пораки на претседателот на заминување објавени на социјалната мрежа.

„Ви благодарам за сé. Мојата последна молба е иста како и првата. Барам од вас да верувате – не во мојата способност да се создаваат промени, туку во вашите“, напиша шефот на државата во заминување.

Повеќе од 660.000 корисници на Twitter ја препратиле пораката на Обама.

Twitter акаунтот на американскиот претседател, кој го „следат“повеќе од 13 милиони корисници, на денот на инаугурацијата, којашто ќе се одржи на 20-ти јануари ќе премине на избраниот претседател Доналд Трамп.

Извор: Макфакс



Додади коментар

Би те интересирало и

Турција објави крај на воената операција во Сирија

Турција во среда најави дека ја завршува воената операција на северот на Сирија, на наведувајќи ...

Како Турција шпионира во Германија

Прислушувани разговори, следење, закани со убиство – дали раката на Ердоган преку турските тајни служби ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger