„Про-книжи го умот“ гостуваше и во Тетово

Дебата Прокнижи го умот слика

Платформата за креативен дијалог „Про-книжи го умот“  како дел од „Културни приказни“ на Делегација на Европската Унија и ЕУ Инфо-центарот во Скопје, а чиј автор и модератор е новинарката Ана Јовковска, вчера гостуваше и во  Тетово.

„Визијата на ’Про-книжи го умот‘, всушност, е преку културна репрезентација, дијалог и едукација да се раздвижи културата на дебата и да се потикне активното учество на граѓаните од локалните заедници во градењето на слободно, отворено и креативно општество“, вели Ана Јовковска, авторка на концептот која додава дека  луѓето во Македонија  се жедни за дискусија и размена на мислење.

Оваа културна платформа за дискусија има за цел да ги адресира актуелните прашања и теми од нашиот социо-културен контекст, како и вечно актуелните теми на човечката цивилизација.

Дебатата во Тетово  се одржа вчера во Центарот за балканска соработка „Лоја“. Автори во фокус беа Мишел Фуко и Жак Лакан, на темата со наслов „Сексуална слобода, маскулиност и стереотипи во борбата за родова рамноправност“. Панелисти на оваа дебата беа Албулена Карага и Ана Василева кои на крајот заклучија дека жената во Македонија е на почеток на својата борба за рамноправност и дека треба уште многу работа и труд за да го стекне своето заслужено место во општеството во кое живееме.

 

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...