ПСЖ и Реал спремаат спектакуларна трампа

Реал Мадрид и ПСЖ спремаат спектакуларна размена на фудбалери следното лето – пренесуваат шпанските медуми.

Карим Бензема најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти Реал Мадрид, а весникот „АС“ објави дека Флорентино Перез имал состанок со сопственикот на ПСЖ Ал Келаифи и разговара за можна трама – потсетува порталот Спортски.

Имено, Бензема да премине во Париз, а Реал да го добие уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани.

Двајцата претседатели веќе со години одржуваат одлични односи, па медиумите тврдат дека ова трампа е возможна, а операцијата би требало да биде завршена на почетокот на преодниот рок.

Бензема не е во најдобра форма оваа сезона и е спремен да ја промени средината на крајот на сезоната, а Уругваецот оваа сезона блеска и е прв кандидат за „Златната копачка“.

 

Извор: www.sportski.mk

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close