Пукано во жена и малолетно дете во Тетово поради нерасчистени должничко довелителни работи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Пукано во жена и малолетно дете во Тетово поради нерасчистени должничко довелителни работи

Фото: Архива
Фото: Архива

Вчеравечер околу 19 часот и 30 минути, засега непознат сторител или сторители со огнено оружје испукале неколку куршуми кон куќата на 43-годишниот тетовец Г.Н, лоцирана на улица „108“ во Тетово.

Според СВР Тетово од растојание од дваесетина метри, пукано е во предната страна на куќата, во која се наоѓале две женски лица, од кое едно малолетно.За среќа нема повредени, а причинети се повеќе оштетувања на првиот кат од куќата, како и на задното тркало од паркирано патничко возило „Јагуар“ , исто така, сопственост на Г.Н.

Извршен е комплетен увид, пронајдени се седум чаури калибар 9 милиметри и фрагменти од три проектили.Се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со овој случај и за откривање на сторителот информираат од СВР Тетово.

Од анонимни полициски извори Канал 77 дознава дека се работи за нерасчистени должничко доверителни работи и пукањето било предупредување за плаќање на долгот.

Би те интересирало и

Обвинителствата од Скопје и Велес го истражуваат случајот со малолетничката од „25 Мај“

Основното јавно обвинителство Скопје оформило предмети по писмени известувања поднесени од МВР, во врска со ...

Штипски хакер дел од најголемата меѓународна организација за сајбер криминал

Штипјанецот Марко Леопард е во групата од триесет и шест обвинети од меѓународната криминална организација, ...