Путин: Ниту една земја не е способна да влијае на изборите во САД

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ниту една земја не е способна да влијае на претседателските избори во САД. Никогаш не сме организирале каков било сајбер напад, рече Путин.

„Една разузнавачка служба зборува за голем степен на безбедност што е можно со руско влијание, друга, пак, дека тој степен на безбедност и не е толку висок. Нивните заклучоци се засновани на анализи на ситуацијата, но ништо веродостојно“, изјави Путин.

Тој смета дека антируската хистерија во САД е слична со предрасудите против одредени етнички групи, како антисемитизмот. Рускиот лидер наведува и дека САД го игнорираат предлогот на Русија да се создадат збир правила со кои би се регулирал сајбер просторот.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close