Пуштени влезниците за ЕП во Полска

Полската фудбалска федерација преку онлајн платформа ги пушти во продажба билетите за Европското првенство до 21 година на кое ќе учествува и Македонија, а чии цени се движат од 3 до 5 евра – пренесува порталот Екипа.

Македонија првиот натпревар го игра во Гдиња против Шпанија на 17. јуни. Потоа следи натпреварот против Србија на 20. јуни во Бидгошч. а последниот натпревар во групата нашата репрезентација ќе го одигра против Португалија, повторно во Гдиња на 23. јуни.

Цените на билетите за полуфиналните натпревари во Тиши и во Краков за 27. јуни изнесуваат 5 и 7 евра, додека финалето во Краков на 30. јуни ќе може да се проследи по цени од 7 и 9 евра.

Додади коментар

Би те интересирало и

Коџаман: Поразот ни ја отежнува работата

Разочарувачки делува поразот од Вардар за турскиот гигант Фенербахче кој синоќа на националната Арена „Филип ...

Вардар го среди Фенербахче (видео)

Фудбалерите на Вардар го совладаа Фенербахче со 2:0 (1:0) во првиот натпревар од плејофот за ...

Close