Пуџдемон до 10 часот мора да одлучи за независноста на Каталонија

Мадрид му даде рок на Пуџдемон до денеска изутрина да даде прецизен одговор дали прогласува независност или не.

Шпанскиот заменик-премиер Сораја Саенз де Сантамарија претходно изјави дека шпанските власти ќе побараат укинување на автономијата на Kаталонија, доколку лидерите на таа покраина не ги повлечат своите барања за независност.

„Доколку сепаратистичкиот лидер, Карлос Пуџдемон не обезбеди задоволувачки одговор, тогаш тој ќе испровоцира активирање на членот 155 од Уставот“, потенцира Сантамарија од парламентарната говорница.

Членот 155 од Уставот на Шпанија, и дозволува на Владата во Мадрид директно да интервенира во управувањето со автономниот регион, и да стави крај на системот на самоуправа.

И шпанскикот премиер Маријано Рахој апелираше Пуџдемон да „дејствува разумно“ бидејќи се приближува рокот за откажување од независност.

„Барам од Пуџдемон да дејствува разумно, на урамнотежен начин, да ги стави интересите на граѓаните во прв план“, нагласи денеска Рахој во шпанскиот Парламент.

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...