Пјонгјанг: Заверата на САД и Јужна Кореа е објава на војна

Мисијата на Северна Кореа во Обединетите нации (ОН), соопшти дека „терористичката завера“ на САД и Јужна Кореа да го убијат севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е „објава на војна“.

Во соопштението на мисијата се наведува дека корејската антитерористичка офанзива ќе започне со „отстранување на разузунувачките организации на САД и Јужна Кореа“, пренесе агенцијата АП.

Како што се наведува, владата на Северна Кореа била решителна во намерата „да го прогонува и уништи секој терористички манијак од ЦИА и јужнокорејската разузнавачка служба. Исто така владата на оваа земја тврди дека организаторите инфилтрирале терорист со опрема за сателитска комуникација.

Минатата недела Северна Кореа ја обвини ЦИА дека заедно со Јужна Кореа има план да го убијат лидерот Ким Џонг Ун со хемиско оружје.

Извор: Макфакс

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Германија утре гласа, Меркел очекува четврта победа

Германија утре гласа, а актуелната канцеларка Ангела Меркел очекува четврта победа и задржување на водечката ...

Пекол на бразилските улици: Мобилизирана војската, Рио во хаос, судири на сите страни

Владата на Бразил ги затворила патиштата и училиштата, и побарала да се вмеша и војската. ...

Close