Работните спорови доминираат во работата на Основниот суд во Штип – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Работните спорови доминираат во работата на Основниот суд во Штип

Работните спорови се најчестите предмети по кои решавале судиите на Основиот суд од Штип, а тужбите завршувале на адреса на министерствата за внатрешни работи и за одбрана.

фото: архива

Наместо со 19 судии, штипскиот Основен суд во моментов работи со 15 судии, а еден е препраспределен во Берово. Последен пат, нов судија е избран во 2011 година, а судот кубуру и со нов кадар во судската администрација. Нови судски помошници и дактилографи биле примени во 2008 година, кои со закон во 2016 година, од волонтери преминаа во редовно вработени. Меѓутоа, според новиот портпарол на Основиот суд, судијата Сашко Георѓиев, реализацијата на предметите над сто отсто.

-Во овој изминат период има судии кои заминаа во пензија, судии беа унапредени во Апелациониот суд, имаме и судија којшто е делегиран во Берово и починат судија, рече Георѓиев.

Над 600 предмети годишно се предмети за кривични дела. За разлика од пред неколку години кога преовладуваше стопански криминал, во текот на изминатата година главно доминирале дела со тешките кражби и препродажба или производство на наркотици.

Што се однесува до Граѓанскиот оддел, преовладуваат работните спорови. Тоа се всушност и набројните предмети по кои решавале судиите од Основниот суд во Штип. Пресудите се главно во корист на вработените, кои тужеле за додатоци на плата во две министерства – за внатрешни работи и за одбрана. Следни на листата најбројни предмети се за нерешени имотни спорови и разводи.

Портпаролот Георѓиев забележува намален тренд на одредување притвор последната година. Основниот суд од Штип е суд со проширена надлежност, каде припаѓаат судовите во Свети Николе и Пробиштип.

Би те интересирало и

Ѓорчев: Состојбата во државата е неповолна

  Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев денеска заедно со своите сопартијци од Куманово го посети ...

Заев: Личен став е изјавата на Наумовски за предлогот на Нимиц

Личен став е изјавата на Васко Наумовски за тоа дека Нимиц не дава достоинствени решенија ...