Работниците од „Веибо груп“ во очекување на спогодба за гаранција на работничките права – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Работниците од „Веибо груп“ во очекување на спогодба за гаранција на работничките права

Во моментов работниците од фабриката за текстил Веибо гармент Македонија се собрани пред општинската зграда каде се работи на склучување на спогодба со која ќе им бидат гарантирани нивните права од страна на работодавецот.

Инаку,синоќа до доцна во ноќта,неколку часа се случуваше вистинска драма пред фабриката во Крива Паланка.

Стотина работници застанаа пред капиите и не дозволуваа управителот и дел од раководството да заминат од зградата. Рекоа дека револтот е затоа што дознале дека сакаат да ја земат документацијата за затворање на фабриката.

По долги натегања,во тензична атмосфера која се обиде да ја смири и градоначалникот,при  зголемено присуство на полицијата,петмина од работниците влегоа на преговори со раководството.

Управителката Кристина Јакимова посочи дека фабриката во моментот се наоѓа во тешка финансиска состојба и се бара начин за излез од истата.Имале преговори со две заинтересирани компании за влез и дека прават напори,фабриката да се продаде на нов инвеститор и работниците да си ги добијат своите пари.

По неколкучасовни преговори иницијативниот одбор по претходен договор со вработените,се сложија  да потпишат спогодба со Веибо,во која ќе стои дека трите заостанати плати,придонеси и регрес,ќе им бидат исплатени за еден месец. Денес работниците по консултација со правници и одлучиле да побараат од Јакимова да потпише изјава со која ќе потврдува дека нема имотот на фабриката да го даде под залог ниту пак истиот да го оттуѓува.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...

Транспаренси Интернешнел Македонија бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“

Транспаренси Интернешнел Македонија продолжува со мониторингот на постапката за стечај во Фени индустри АД Кавадарци ...