Работнички носител, Шкендија и Пелистер неносители пред ждрепката за ЛЕ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Работнички носител, Шкендија и Пелистер неносители пред ждрепката за ЛЕ

Познати се можните противници на македонските клубови кои ќе настапуваат во квалификациите за фудбалската Лига на Европа. УЕФА Работнички го смести во групата повластени тимови, додека Шкендија и Пелистер се во групите неносители.

Работнички ќе го очекува ривалот од следниве екипи: Зета (Црна Гора), Тре Пене (Сан МАрино), Санта Колома (Андора), Флориана (Малта) и Сетн Џосефс (Гибралтар).

Шкендија за можни ривали ги доби: Тренчин (Словачка), Макаби Тел Авив (Израел), Интер Баку (Азербејџан), Дачија Кишињев (Молдавија) и Ширак (Ерменија).

Пелистер ќе игра со некои од следниве екипи: Лех Познањ (Полска), Каират Алмати (Казахстан), Алтах (Австрија), Левски (Бугарија), Зира (Азербејџан).

Извелкувањето ќе почне во 13 часот во седиштето на УЕФА, швајцарскиот град Нион.

Би те интересирало и

Мурињо: Погба беше многу добар

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по натпреварот со Бурнемут (2:0), го пофали играчот од ...

Избран најдобриот тим во Премиер лигата

Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА) на Англија го избра најдобриот тим во Премиер лигата за сезоната ...