Работнички убедливо го совлада Гостивар – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Работнички убедливо го совлада Гостивар

Работнички вечерва во Градски парк убедливо го совлада Гостивар со 74:49 во меч од 18. коло од Првата лига.

Домаќините до победата стигнаа рутински, па по првите десет минути водеа со разлика 20:7.

Работнички низ целиот натпревар го контролираше резултатот и ја зголемуваше предноста, која во третиот дел од натпреварот стигна до највисоки плус 29 поени.

Бугарскиот интернационалец Чавдар Костов со 20 поени беше најефикасен кај Работнички, а Диме Тасовски со 17 поени во составот на Гостивар.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа

Манчестер Јунајтед е најскапиот клуб во Европа, според извештајот на холандската компанија за бизнис и ...

Зидан не би го менувал Роналдо за Салах

Не би го менувал Кристијано, ниту кој и да е од моите играчи. Кристијано е ...