Радио водителка се породи „во живо” – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Радио водителка се породи „во живо”

Американската радио водителка, Кесиди Проктор, во својата утринска емисија го пренесуваше своето – породување „во живо“.

Водителката од Сент Луис, Мисури, се одлучи на овој потег, за да го исполни ветувањето и „да ги сподели сите свои најинтимни моменти со верните слушатели“, кои од самиот почеток ја следеа нејзината бременост. Инаку, на крајот бил неопходен и „царски рез“.

Додека била во болницата, Кесиди прво побарала дозвола за снимање, а потоа замолила едно од медицинските лица да и го придржи телефонот, додека слушателите, заедно со неа и нејзиниот сопруг Џери, „го дочекуваат доаѓањето на нивниот син на свет” – во радио емисија во живо.

– Ево го!, се слуша гласот на сопругот, во моментот кога малиот Џејмсон беше роден.

Прашана потоа дали била нервозна што тој посебен момент ќе биде пренесуван во живо, таа одговори дека „била нервозна само поради носењето на детето на свет”, а емисијата е нешто што „таа го прави секој ден“.

Како звучело ова во радиската програма, може да слушнете овде.

 

Извор: МИА

Би те интересирало и

Домашни маски со маслиново масло за блескава и здрава коса  

Маслиновото масло е популарна состојка која се користи во бројни природни козметички производи. Овој вид ...

Тајната на младоста лежи во сировата храна?

Британката Сузан Рејнолдс има 29 години и вели дека постојано ја мешаат за 16 годишна, ...