Радовишанец преку „Фејсбук“ намамил и силувал малолетничка

Дваесет и двегодишен радовишанец заработи кривична пријава, поради постоење сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

На 15 – ти месецов  во 11.00 часот, по претходно договорена средба преку социјалната мрежа „Фејсбук“, на ул.„Сутјеска“ во Штип се сретнал со оштетената. Пријавениот потоа ја качил во своето патничко возило „Мерцедес“ и ја однел на тврдината „Исар“ во Штип, каде со употреба на физичка сила извршил полово дејствие над оштетената – соопшти денеска МВР.

Би те интересирало и

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ...