Разбиена меѓународна група шверцери на мигранти

Во заедничка соработка меѓу албанската, грчката, италијанската и црногорската полиција разбиена е меѓународна криминална група, која се занимавала со трговија на мигранти преку Јадранско Море кон Италија. Во оваа криминална мрежа главна улога имале албански државјани познати и по шверц на цигари, кои набавувале брзи моторни чамци за транспорт на мигрантите кои ги обезбедувале нивните грчки „соработници“.

Истрагата, која околу оваа група, ја почнале грчките и италијанските органи на редот а потоа се вклучиле и полициски експерти од Албанија и од Црна Гора, открила дека групата прошверцувала стотици мигранти, главно од Сирија, Сомалија и Ирак.

Мигрантите биле пренесувани од Турција во Грција, а потоа во Италија, често користејќи ги и црногорските територијални води, при што секому од нив, кој сакал да стигне до Брндизи или Саленто, во јужниот дел на Италија, му наплатувале по 4.500 евра.

Албанските криумчари за секоја група превезени мигранти преку Јадранот наплатувале по најмалку 10.000 евра, по што чамците ги продавале на разни компании или физички лица.

Во акцијата се уапсени 26 лица, главно Албанци, шест се Италијанци и еден Грк, а распишани се и потерници за другите членови на групата.

Би те интересирало и

Историски ден за Зимбабве – Новиот претседател положува свечена заклетва

Толпа народ се собра на фудбалскиот стадион во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да ...

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите ...