Разрешена директорката на Македонска филхармонија Маја Чанаќевиќ

Министерството за култура ја разреши Маја Чанаќевиќ од функцијата директор на Националната установа Македонска филхармонија – Скопје.

За вршител на должноста директор во оваа установа е назначен Виктор Илиески, член на ансамблот на Филхармонијата.Причините за разрешувањето, според соопштението од Министерството се, повеќе, од немањето годишна програма за работа на установата за последните две години, до делењето гратис билети над дозволениот број, при што за свечениот концерт за отворање на новата концертна сала директорката поделила дури 636 од вкупно 960 гратис билети, без прецизна евиденција кому.
Исто така, според Министерството, двајца вработени музичари подолг временски период не доаѓале на работа, а директорката не презела мерки и уште повеќе на едниот од нив за вршење на работни задачи кои не се во описот на неговото работно место, покрај платата, дополнително му исплатила 550.683 денари. Директорката не изготвила и решенија за распоредување на вработените на работни места согласно новите акти за систематизација и внатрешна организација на работните места, а направила трошок за мобилен телефон над одобрениот максимум.На крајот и се забележува и тоа што не вовела електронски систем за евиденција на доаѓањето на вработените.

Министерството за култура потсетува дека именувањето на в.д директори, се прави со цел што побрзо ослободување на клучните институции, кои досега беа заробени од партиски кадри.

„Ја информираме јавноста дека во најскоро време ќе биде предложена измена на Законот за државни службеници, со цел да се одблокираат институциите и да се обезбеди демократски трансфер на власта во сите ресори.По исполнување на законските услови, низ целосно отворен и транспарентен процес, Министерството за култура ќе распише конкурси и ќе спроведе постапки за избор и именување нови директори на националните установи“, стои во соопштението на Министерството.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close