Разрешен директорот на штипската болница

По извршената инспекција во Клиничка болница Штип, воочени се одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување од дел од вработените, а воедно е утврдено дека хигиената во установата не е на задоволително ниво, соопшти Министерството за здравство.

„Врз основа на констатираното, донесена е одлука за разрешување на медицинскиот директор на Клиничка болница Штип, и за нов директор е именуван д-р Ален Ѓорѓиев.
Исто така, за нов директор на Центар за јавно здравје во Штип е именувана д-р Марија Димитрова, а разрешен е и економскиот директор во Клиничката болница во Тетово“, се наведува во соопштението.

Превземено од: ПлусИнфо

Би те интересирало и

До пладне нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

До денеска во 12 часот нема поднесено тужби од партиите против одлуките на Државната изборна комисија ...

ВИДЕО: Разговаа ли Заев и Груевски по изборите?

Премиерот Зоран Заев во емисијата „Стадион” на Канал 77, одговара дали ќе се менува составот ...