Ракометарите гостуваат во Украина

Машката ракометна репрезентација на Македонија, попладнево гостува во Украина, во рамките на претпоследното квалификациско коло за пласман на Европското првенство во Хрватска.

Македонија и Украина по четири одиграни натпревари имаат идентичен скор, две победи и два порази. Лидер во Групата 4 е Чешка која синоќа славеше над Исланд (27-24) со шест бода ја презеде лидерската позиција на табелата и направи голем чекор кон пласманот на континенталното првенство кое наредната година ќе се одржи во Хрватска.

Блиску до пласман на ЕП може да биде и Македонија, доколку успее да слави во Суми во дуелот со Украина. Ова практично е реванш натпревар, а првото соочување на двете селекции, во ноември минатата година во Скопје, заврши со победа на Македонија 27-21.

Селекторот Раул Гонзалес, со исклучок на повредениот Велко Маркоски, кој остана во Скопје, на располагаше за овој натпревар ги има сите ракометари.

Дуелот во Украина ќе започне во 18 часот по македонско време (19 часот по локално време).

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Раул Гонзалес го скрати списокот за ЕП во Хрватска

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, во четвртокот го скрати списокот на играчи ...

Без грижа, светла е иднината: Вардар веќе има подобар голман од Штербик!

Трансферот на Арпад Штербик од Вардар во Веспрем на крајот од оваа сезона ги загрижи ...