Ракометарите се меѓу најдобрите осум во светот

Младата македонска репрезентација на Македонија успеа да се пласира во четврт-финалето на Светското првенство. Македонија пласман меѓу најдобрите осум во светото избори со победата на домашната селекција, Алжир 24:20.

Македонија осмина-финалето го играше против домаќинот, осум илјади навивачи и повредите, но на крајот дисциплината и пожртвуваноста и го донесоа најголемиот успех во оваа возрасна категорија.

Уште во првиот напад Марко Нелоски мораше да го напушти теренот поради повреда, но младинците предводени од одличните одбрани на Никола Даниловски и погодоците на Талески, Арсеновски, Велковски, Шилегов и Кузмановски, во првата половина од првото полувреме создадоа предност од два гола.

Следуваше серија на Алжир од 5-1 со која прв пат домаќините стигнаа до водство, кое успеаја до крајот на полувремето да го задржат за минимална позитива на паузата од 11-10.

Во второто полувреме Темелковски повторно се соочи со проблеми поради повреди, Арсеновски и Крстевски мораа да го напуштат теренот за да им се укаже лекарска помош,

Клучни за триумфот беа последните 15 минути, кога во ритам влегоа Талески и Павлевски кои врзаа една добра серија со која Македонија се „одлепи“ на четири гола разлика, предност која до крајот младинците ја сочуваа со рутинска игра.

Со оваа победа, Македонија се пласираше меѓу најдобрите осум во Светот, во друштво на Франција, Тунис, Русија, Данска, Германија, Унгарија и Шпанија. Интересно е што во најдобрата „осумка“ се наоѓаат сите четири екипи што играа во Групата Ц чиј дел беше и Македонија.

Четврт-финалето на програмата е вечерва, Македонија ќе биде првиот фаворит за златниот медал, селекцијата на Франција. Натпреварот почнува од 19:30 часот по македонско време.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Чупиќ: Освоивме важни бодови

Европскиот шампион Вардар триумфално ја почна одбраната на трофејот со гостинска победа кај Висла Плоцк ...

Металург на стартот од новата сезона гостува во Франција

Македонскиот ракометен вицепрвак Металург попладне го игра првиот натпревар од новата сезона од Лигата на ...

Close