Ракометарките повторно поразени од Србија

Македонската женска ракометна репрезентација го забележа и вториот пораз од селекцијата на Србија. Двете репрезентации, во петокот и саботата, одиграа две контролни среби, од затворен карактер, а по поразот 29:35, во петокот, во саботата македонските репрезентативки загубија 27:43.

Двата контролни натпревари со Србија се дел од подготовките на селекторот Симе Симевски и неговите избранички за бараж двомечот против Шведска, преку кој Македонија ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство во Германија.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Лесна победа за ЖРК Вардар против Пелистер

ЖРК Вардар иако играше безнеколку стандардни ракометарки, немаше проблеми да ги освои бодовите на дуелот ...

Металург испушти победа во Украина

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург попладнево одиграа нерешено на гостувањето кај Мотор во Украина со ...