Ракометар на Металург денеска ќе дебитира за Хрватска – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ракометар на Металург денеска ќе дебитира за Хрватска

Хрватска денеска со почеток во 15:30 часот против Чешка ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство, на кое е домаќин до недела.

Мечот со Чешка ќе одлучува за тоа кој ќе го освои петтото, а кој ќе биде шести на турнирот. Сепак, Хрватска ќе бара победа за достоинствен крај пред своите навивачи.

Селекторот Лино Червар по поразот од Франција, се одлучи да ги искористи и последните две замени на списокот од 16 играчи.

На местото на Игор Вори ќе игра пикерот на Загреб, Тин Контрец, додека на местото на Јаков Гојун, ќе игра ракометарот на Металург, Халил Јагањац, кој ќе дебитира на официјален меч за сениорската репрезентација.

Преземено од: 24ракомет

Би те интересирало и

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на ...

Ѓер прави тим од кој ќе боли глава

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една ...