Ракометната федерација на Македонија денес ќе одржи Изборно собрание – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Ракометната федерација на Македонија денес ќе одржи Изборно собрание

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска со почеток во 18 часот и 30 минути во просториите на Собранието на Град Скопје ќе одржи Изборно собрание. Се очекува делегатите да му дадат едногласна поддршка и нов четиригодишен мандат на актуелниот претседател Живко Мукаетов.

Претседателот на РФМ со својата работа, вложување и посветеност покажа како треба да функционира една федерација, а признанието стигна и од самите клубови кои пред една година му дадоа едногласна поддршка при неговата оставка како морален чин по неуспешните квалификации во Полска за Олимпијадата во Рио.

Сениорската репрезентација на Македонија на неодамнешното Светско првенство во Франција ја исполни првичната амбиција, поминување на групната фаза, а Мундијалот го заврши со две победи, еден нерешен резултат и три порази.

Би те интересирало и

ЛАЗАРОВ: Да ги задржиме високите стандарди на организација на кампот и да ги надоградиме

Стартуваа подготовките за четвртото издание на најдобро организираниот ракометен камп на овие простори, камп на ...

Ѓер прави тим од кој ќе боли глава

Амандин Лејно голманката на ЖРК Вардар, која брани во одлична форма и која е една ...