Рамазан: Оваа година најкратко ќе се пости во Јужна Америка

Месецот Рамазан, во кој муслиманите во светот постат, воздржувајќи се од храна и пијалоци, оваа година почнува в сабота на 27 мај. Воздржувањето од храна и пијалаци почнува во утринските часови на молитва во зори, пред изгрејсонце, а завршува со залез на Сонцето, потсетува сараевски Кликс.

Последните неколку години Рамазан во Европа е во летните месеци, што значи и долги денови на северната хемисфера кои со себе носат големи жештини и спарини. Наспроти тоа, Рамазан на јужната хемисфера паѓа во најкратките, зимски денови.

Според документ на Ријасетот на Исламската заедница на БиХ најдолгите денови на постот оваа година ќе бидат 24, 25 и 26 ден на Рамазан, т.е. 19, 20 и 21 јуни кога постот ќе трае 18 часа и 14 минути.
На глобално ниво, најкратко ќе постат муслиманите во Јужна Америка, каде постот ќе трае околу 10 часа. Најдолг е постот на Гренланд, а трае околу 21 час.

Муслиманите во Европа ќе постат од 14 до 20 часа, во Африка од 11 до 14 часа, а во Австралија околу 11 часа.

Би те интересирало и

Експлозијата во Њујорк обид за терористички напад, нема повредени освен бомбашот

Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн. ...

Пожарот во Калифорнија голем колку Њујорк

Површината зафатена од голем пожар во Калифорнија сега е поголема од градот Њујорк, наведе Би-би-си. ...