Рама: Силно поддржувам регионална економска зона

Албанскикот премиер Еди Рама потврди дека во Трст силно ќе поддржи формирање регионална економска зона бидејќи тоа според него, е чекор што ќе го олесни процесот за членство во Европската унија.

– Само економски раст може долгорочно да го стабилизира регионот и да придонесе за поблиски врски со Европската унија, наведува Рама во авторски текст во Вол Стрит Џурнал.

Рама вели дека самитот во Трст ќе биде не само прилика да се разговара за европските интеграции туку и да се „обедимиме зад една идеја што еклучно да се создаде нова платформа за економски раст“.

– Од нас ќе биде побарано да поддржиме меѓу останатото, формирање регионална економска зона. Јас ќе се заложам за тоа, пишува Рама.

Тој наведува дека Албанците и нивните соседи на Западен Балкан претрпеле повеќегодишна нестабилност делумно заради недоволниот економски развој, корупцијата меѓу судиите, обвинителите, политичарите…

– Кога главниот двигател за богатсвото е политиката наместо лични иницијативи и претприемништво, судирите се неизбежни. Тие имаат различни облици – некаде се јавуваат во облик на етнички национализам, некаде како верско секташтво, а некаде во вид на идеолошки поделби, вели Рама.

Во заклучокот Рама порачува дека е време Балканот да ја надмине нестабилноста и дека „стабилноста не може да постои без растечка економија“.

 

Преземено од: МИА

Би те интересирало и

Јилдирим: Турција нема да дозволи создавање на „вештачка“ курдска држава

Турскиот премиер, Билани Јилдирим изјави денеска дека кризата на северот на Ирак претставува прашање од ...

Истрага во Атина за лажни информација за бактерија на колера во акушерска болница

Атински обвинител наредил да се поведе истрага за да се утврди дали некој треба да ...