Рангелова: Како се слеале пари во партијата, прашајте ги одговорните

Фото МКД.мк

Откако замина поранешниот технички премиер, Емил Димитриев, во Специјално јавно обвинителство дојде и пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Даниела Рангелова.

Пред да влезе во СЈО, таа рече рече дека не чувствува вина, бидејќи ништо не направила.

„За тоа како се слеале толку пари во партијата, прашајте ги одговорните во партијата“, изјави Рангелова пред новинарите.

Откако заврши распитот пак, таа истакна дека е осомничена за организиран криминал во 2010 година.

„Остана на тоа, исказ ќе дадам следен пат, кога ќе ми биде овозможено да ги видам доказите. Не се чувствувам виновна“, додаде поранешната советничка во Општина Центар.

Таа изјави дека во 2010 година не била на никаква функција во општинскиот комитет во Центар, но се сомничи за организирање на пополнувањето уплатници за да влее пари во буџетот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...