Распит на осомничените во случајот „ТНТ“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Распит на осомничените во случајот „ТНТ“

tnt

Денеска во Основниот суд Скопје 1 ќе бидат распрашани четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, кој се однесува на рушењето на станбено – деловниот објект „Космос“.

Осомничените беа на распит во Судот и на 17 мај, но на барање на одбраната, распитот се одложи за да се заврши увидот во предметот и доказите.

Специјалното јавно обвинителство претходно соопшти дека во случајот „ТНТ“, нарачатели на рушењето на станбено-деловниот објект „Космос“ на Фијат Цаноски се поранешниот премиер, Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Мотивот за уривањето на објектот бил „одмазднички“, односно причина било тоа што Цаноски, лидер на ПЕИ, ја напуштил владината коалиција и преминал во коалиција со опозициската СДСМ. Првоосомничена во овој случај е градежниот инспектор на Општина Гази Баба која почнала постапка за уривање. Направила мерење на височина на објектот, кое покажало дека градбата била повисока за 1,43 метри, но без да биде направен заштитен тротоар на градбата. Во случајот осомничени се и тројцата членови на Комисијата за спроведување на јавни набавки, а Специјалното јавно обвинителство предложи мерки за обезбедување до Кривичниот суд за сите осомничени.

Би те интересирало и

Обвинителството го расветлува синоќешното убиство во Чаир

Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Скопје го расветлува синоќешното убиство на жената во населбата Чаир. ...

Жена прободена со нож починала на пат кон болница

Жена од Тетово синоќа починала на патот кон болница, откако била повредена со нож во ...