Распишан конкурсот за државната награда „Св. Климент Охридски“

Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ е распишан и ќе трае од 1 до 30 јуни 2017 година.

Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Во денеска објавениот конкурс се наведува дека државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, а под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за остварување од јавен интерес за Република Македонија.

Како што е наведено во конкурсот, на награден поединец му се доделува диплома и паричен износ, на секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ, а на наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.

Паричниот износ на државната награда „Св. Климент Охридски” изнесува десет просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Почнува десеттото јубилејно издание на Викенд медиа фестивал во Ровињ!

На само еден ден пред доаѓањето на есента, почнува десеттото издание на Викенд медиа фестивал ...

„Невреме“ е новата песна на Антониа Гиговска (Видео)

Со нова балада, која има модерен ритам, Антониа Гиговска внесува свежина на домашната музичка сцена. ...

Close