Бугарски навивачи на спортски клуб пишувале графити со навредлива содржина за земјава во Крива Паланка (фотографии)

Расположени бугарски навивачи утрово го блокираа патниот правец Крива Паланка Куманово, а на бензинската пумпа на Макпетрол пишуваа и графити со навредливи содржини  за Македонија.

Навивачи на спортски клуб од соседна Бугарија, рано утрово ги вознемирија жителите на Крива Паланка. Како што информираа од Министерство за внатрешни работи на РМ, околу 3 часот утрово автобус со бугарски регистрарски таблички кој се движел на магистралниот пат А2, Крива Паланка- Куманово,  застанал на бензинската пумпа на „Макпетрол“ која се наоѓа на обиколницата кај Крива Паланка, при што патниците, навивачи на спортски клуб „Ботев“ од Пловдив, Република Бугарија, излегле од автобусот и почнале да пишуваат графити со навредливи содржини за Македонија на самата бензинска пумпа.

Информациите говорат и дека расположените патниците од автобусот залепиле и неколку налепници со ознака БГ, по што заминале од местото на настанот и се упатиле кон Куманово, бидејќи биле на минување низ државата и оделе на натпревар во Република Албанија.

Од страна на Кумановската полиција биле сопрени на автопатот А2, пред влезот во Куманово. Службените лица извршиле претрес на автобусот и при тоа кај четири лица бил пронајден доказен материјал, информираа од МВР. Патниците одбиле да бидат приведени па затоа го блокирале магистралниот пат Куманово-Крива Паланка.

Околу 7 часот и 45 минути блокадата била отстранета, сообраќајот сега се одвива нормално.Навивачите на клубот „Ботев“ се покрај патот, а полицијата е на местото каде се наоѓаат истите.Дознаваме дека во моментов во полицијата пристигнал и бугарскиот конзул да се запознае со актуелната состојба.

Автор: Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...