Расфрлани отпадоци близу центарот по неколкудневното пазарување на панаѓурот во Штип

Расфрлани отпадоци на тротоарите околу Градскиот пазар и на улицата која води до истиот, остави зад себе панаѓурот во Штип.

За панаѓурот, кој во Штип се одржува по неколку пати годишно, и овој пат беа резервирани три дена. За време на викендот, на Градскиот пазар освен штипските, трговци од другите градови продаваа накит, облека, детски играчки. Дел од тезгите беа поставени на паркингот за кој возачите вообичаено плаќаат преку смс порака и кој не им е ставен на располагање на пазарџиите во петок, кога е пазарен ден во Штип.

Инаку, панаѓурот го организира Раман Демиров, кој е носител на независната советничка листа во Штип за претстојните локални избори.

Отпадот кој наместо в контејнер, завршува на улица, сепак не е нова глетка за штипјани.

Расфрлани отпадоци има околу автобуската станица, каде дневно поминуваат стотици луѓе, особено во овој период од годината кога веќе доаѓаат студенти.

Слична е ситуацијата и во населбата Дузлак, каде наместа екипите на Јавното претпријатие „Исар“ отпадот не го собираат и со недели. Жителите во овој дел од градот исто така, често се соочуваат и со прекин во водоснабдувањето.

Би те интересирало и

Луиза Винтон: Една од три жени изложена на некаква форма на насилство

Една од три жени или девојчиња е изложена на одреден облик на насилство во глобални ...

Револтирани работници реагираа пред капиите на Фени: Сметаат дека им се пласираат лажни информации

Револтирани работници денеска реагираа  пред капиите на Фени дека им се пласираат лажни информации од ...