Расчистена дивата депонија кај претоварната станица на ЈКП Тетово – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Расчистена дивата депонија кај претоварната станица на ЈКП Тетово

Дивата депонија во дворот на претоварната станица кај тетовски Требош е расчистена. Сметот со недели се таложеше земја, откако пред две недели настана дефект на станицата.

Сметот кој десетина дена се трупаше во дворот на претоварната станица на ЈКП Тетово кај тетовски Требош се подигна и истиот е транспортиран во скопската депонија Дрисла. Директорот на ЈКП Тетово, Џелал Цека вели дека дефектот на станицата е саниран и ѓубрето веќе неколку дена од камионите се претовара во големи контејнери во станицата, кои потоа се носат во Дрисла.

На претоварната станица настана дефект пред две недели. Станицата не функционираше десетина дена, а ѓубрето собрано од домаќинствата се таложеше во дворот на претоварната станица.

Директорот на ЈКП Тетово, Цека вели дека засега сметот го носат само Дрисла. Ѓубрето ќе се транспортира и во регионалната депонија Русино  откако истата ќе се уреди со финансиска помош од Швајцарската амбасада. Градежните активности ќе започнат за еден месец.

Ниту една општина од полошкиот регион нема соодветна локација за депонирање на смет. Регионалната депонија Русино е на само неколку километри од Гостивар и со истата, според најавеното, треба да управуваат повеќе општини и јавни комунални претпријатија, каде во иднина би го носеле и депонирале сметот собран од домаќинствата.

 

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...