Раул Гонзалес е новиот ракометен селектор на Македонија

Шпанецот, Раул Гонзалес, ќе го наследи Лино Червар на кормилото на машката ракометна репрезентација. Тој денеска беше избран со едногласна одлука на Управниот одбор.

Шпанскиот тренер по успешната играчка кариера која ја градеше во Ваљадолид, започна тренерска кариера како асистент на Талант Душебаев во Суидад Реал односно Атлетико Мадрид. Во 2014 година Раул Гонзалес ја превзема клупата на РК Вардар во своето деби како прв тренинг, а од 2017 ќе ја превземе клупата на машката сениорска репрезентација во својата прва селекторска улога.

Како што истакна генералниот секретар, Филип Милошевски, тренерот на македонскиот шампион Раул Гонзалес ја поседува ЕХФ Мастер Коуч лиценцата како иден услов за водење на една селекција.

Извор: НоваТВ

Би те интересирало и

Лесна победа за ЖРК Вардар против Пелистер

ЖРК Вардар иако играше безнеколку стандардни ракометарки, немаше проблеми да ги освои бодовите на дуелот ...

Металург испушти победа во Украина

Ракометарите на македонскиот вицепрвак Металург попладнево одиграа нерешено на гостувањето кај Мотор во Украина со ...