Раул не ги зеде во Белград Томовски и Крстевски – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Раул не ги зеде во Белград Томовски и Крстевски

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Раул Гонзалес одлучи на двата пријателски дуела во Белград против Саудиска Арабија и домаќинот Србија да повика 19 ракометари.

Меѓу нив не се голманот на Металург Мартин Томовски и средниот бек на Еурофарм Работник Горан Крстевски.

Македонија в четврток игра против Саудиска Арабија, а в петок со Србија.

По овие два натпревара репрезентацијата ќе се врати во Скопје по што Гонзалес ќе одлучи кого ќе поведе на Европското првенство во Хрватска кое стартува на 12 јануари.

Македонија е во група со Словенија, Црна Гора и Германија.

Би те интересирало и

Манасков, Стоилов и Кузмановски загубија кладба и се ишишаа на нула (фото)

Дејан Манасков, Столе Стоилов и Филип Кузмановски со нов имиџ ќе ги продолжат натпреварите на ...

Промена во македонската репрезентација, Маркоски место Филип Лазаров

Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес ја направи и првата измена во составот. На местото на ...