Реал во Скопје доаѓа без Кристијано Роналдо

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, со голема веројатност нема да дојде со тимот во Скопје на натпреварот во Суперкупот на УЕФА против Манчестер Јунајтед.

„Марка“, медиум кој секогаш е добро информиран за она што се случува во редовите на европскиот првак, објави дека тренерот Зинедин Зидан и најдобриот фудбалер се согласиле тој во време кога ќе се одигра Суперкупот нема да има доволен број на тренинзи и дека најдобро ќе биде да остане во Мадрид.

Кристијано Роналдо сè уште е на одмор по напорната сезона која ја заврши со настап на Купот на конфедерации во Русија. Според „Марка“, тој оваа недела ќе се врати во Мадрид каде ќе треба да ги мине медицинските прегледи.

Потоа тој повторно ќе замина на одмор и кон крајот на месецот ќе му се приклучи на тимот. Тоа значи дека Кристијано Роналдо нема да игра за Реал ниту на контролниот меч со Барселона, на 30 јули, во Мајами, на Меѓународниот куп на шампионите.

Извесно е како што тврди „Марка“ дека 32-годишниот напаѓач ќе го пропушти и дуелот во Супер купот на УЕФА, во Скопје на 8 август, против Манчестер Јунајтед.

Португалецот првиот официјален меч за Реал ќе го одигра на 13 август, кога во Барселона, Реал ќе го одигра првиот натпревар во Супер купот на Шпанија, реваншот ќе се одигра три дена подоцна во Мадрид.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Голема победа на Вардар против Копенхаген, „црвено-црните“ на чекор до историја!

Вардар слави голем триумф над Копенхаген, „црвено-црните“ победија со 1-0, триумф без примен гол кој ...

Со дербито Шкендија – Вардар стартува новата сезона во ПМФЛ

Со дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар ќе биде отворена новата сезона во македонскиот фудбалски ...

Close