Реал го доби дербито во Валенсија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Реал го доби дербито во Валенсија

Во дербито од 21-то коло на шпанската Примера фудбалерите на Реал Мадрид славеа кај Валенсија со 4:1 со што им се приближија на водечките екипи на табелата.

Во одлучната претстава Реал веќе на полувремето имаше сигурно водство во 2:0, а двата гола ги постигна Кристијано Роналдо, во 16 и 38 минута. Валенсија по многуте пропуштени шанси го намали водството на „кралевите“ во 58 минута преку Санти Мина, но во самиот финиш од дуелот Реал преку Марсело во 84 и Тони Крос во 89 минута го реши прашањето на победникот.

На табелата води Барселона со 54 бодови, пред Атлетико Мадрид со 43 и Валенсија со 40, додека Рал Мадрид е четврти со 38 бодови и меч помалку.

Подоцна во вечерната саботна програма Виљареал на домашен терен со 4:2 го совлада Реал Сосиедад. Виљареал веќе по дваесет минути водеше со 3:0, со головите на Руиз во 5, Фонралс во 17 и Бака во 20 минута. Љоренте во 24 минута намали на 1:3, а одличното прво полувреме го заокружи Кастиљехо со гол во 35 минута. Во 58 минута Баскијците намалија преку Вилијан.

Виљареал осана пети со 37 бодови, бод помалку од четвртопласираниот Реал Мадрид, а Реал Сосиедад остана на 15-то место со 23 бодови.

Во вториот вечерен меч Малага и Гирона одиграа без голови, па екипата од Андалузија остана на последното 20-то место со само 13 бодови. Гирона, пак, е 11-та со 27 бодови.

Депортив и Леванте, исто така, ги поделија бодовите но постигнаа по два гола. Депортиво Ла Коруња, така, не успеа да се извлече од зоната на испаѓање, на 18-то место е со 17 бодови. Леванте е на две места погоре на табелата со 19 бодови.

Извор: Нетпрес

Би те интересирало и

Ренова и Силекс ремизираа без голови во Тетово

Ренова и Силекс одиграа без голови во првиот натпревар од 20. коло во Првата македонска ...

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни ...